Одбојкарите на Штип УГД ги дели само уште една победа до освојување на шампионскиот трофеј. Ова откако вечерва во Велес, тимот на Штип УГД го совлада Борец со 0:3 во сетови и поведе со 2:0 победи во серијата подобар до три.
Домашните одбојкари подобро го отворија натпреварот натпреварот. Поведоа со убедливи 7-1. Како одминуваше сетот, така штипјани успеваа да ја намалат разликата. Израмнување стигна дури во финишот, кога на семафорот стоеше 21-21. Шансата која им се укажа, гостите не ја пропуштија, па на разлика со 24-26 го добија сетот за водство од 1:0.
Во вториот сет, тимот на Штип УГД угд ја контролираше играта и резултатот. Го добија штипјани сетот со 14-25 и поведоа со 0:2 во сетови.
Во третиот сет се водеше голема борба се до самиот финиш, а го доби Штип со 23-25 за конечни 0:3 во светови.
Штипјани сега ги дели само уште еден триумф за да ја освојат својата прва историска шампионска титула а сезоната да ја завршат со двојна круна. Потсетување дека тие претходно го освои трофејот во Купот на Македонија.




























