Финалната серија во машкото одбојкарско првенство на Македонија стартува денеска.
Во салата „Јордан Мијалков“ во Штип двете екипи кои покажаа најдобра одбојка сезоната, ја почнуваат борбата за шампионскиот трофеј.
Одбојкарите на Штип УГД и велешки ГОК Борец повторно ќе решаваат за пехарот. Овие два тима играа и во финалето на Купот, по кое штипјани го освоија првиот трофеј.
Сега тие ќе се обидат сезоната да ја завршат со двојна „круна“. Штип УГД важи и за благ фаворит, но велешани нема лесно да се откажат. Борец по пауза од три години, повторно ќе се бори за првиот шампионски трофеј.
Денешниот е прв од можните пет натпревари во финалната серија што се игра на три добиени.
Мечот меѓу Штип УГД и ГОК Борец почнува од 19 часот, а ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇👇👇































