Ракометарите на Охрид ја продолжи победничката серија во Супер лигата. Тие убедливо триумфраа во дуелот со Тиквеш, совладувајќи го тимот од Кавадарци со конечни 37-20.

Иако гостите на почетокот поведоа со 0-2, охриѓани брзо воспоставија целосна контрола на теренот и континуирано ја зголемуваа својата предност.
​Најголемата разлика на натпреварот беше постигната во самиот финиш. Тогаш домашниот тим стигна до недостижни 17 голови предност за конечен резултат.

Натпреварот помина во знакот на Косуке Јасухира. Јапонецот во своето деби постигна шест гола и подели осум асистенции за само едно полувреме.

Овој успех им овозможи на домаќините да се зацврстат на втората позиција на табелата со 44 бода во пресрет на клучните дуели.
Охрид сега има два бода предност пред Еурофарм Пелистер, кој во следното коло го чека тешко гостување во Автокоманда кај Алкалоид. Лидерот Вардар пак им бега убедливи 6 бода повеќе од охриѓани.

До крајот на шампионатот преостануваат уште пет кола кои ќе бидат пресудни во борбата за вицешампионската титула во македонското првенство.