Најдобрата женска ракометна репрезентација на Македонија, попладнево во Скопје ќе го игра претпоследниот натпревар во квалификациите за ЕП 2026-та.

Македонските ракометарки во СЦ „Борис Трајковски“ ќе играат против светскиот вицешампион Германија.

Натпревар ќе се игра во терминот до 18 часот, а РФМ реши, вратите на „Борис Трајковски“ да бидат ширум отворени, односно влезот слободен.

Во последниот меч од квалификациите македонските ракометарки ќе гостуваат во Велење кај Словенија на 12 април – недела.

Македонските ракометарки имаат тешка задача, да освојат бод-два во дуелите со фаворитите, а со тоа да ги задржат шансите за пласман на Европското првенство. Шампионатот ќе одржи кон крајот на годината во Полска, Романија, Чешка, Словачка и Турција.

Ивона Кимовска

Следете нé на социјалните мрежи