Фаворитите Вардар и Алкалоид ја оправа улогата и впишаа победи во дуелите со Тиквеш и Бутел, во рамките од 4-тото плеј-оф коло во Супер лигата.
Вардар продолжи со доминација и славеше убедливо кај Тиквеш во Кавадарци со 35-24. Натпреварот започна со брзи четири гола за Вардар и веднаш најави лесна задача. Митровиќ постигна осум, а Воркапиќ седум гола, додека кај Тиквеш најдобар беше Стојановски со 11 погодоци.
Алкалоид исто така славеше убедливо против Бутел со 37-21. Иако првото полувреме заврши со минимална предност од 16-15, во вториот дел гостите доминираа. Голманот Галевски блескаше со 15 одбрани, а Џонов постигна осум и Костески седум гола. Кај Бутел најдобар стрелец беше Узунчев со седум погодоци.
На табелата Вардар ја зголеми предноста на осум бодови пред Еурофарм Пелистер, кој допрва треба да го одигра својот дуел со Охрид. Охриѓани и Алкалоид имаат по 40 бодови и ја делат третата позиција.



































