Ракометарите на ГРК Охрид, веќе испишуваат историја на европската сцена. Самиот пласман во четвртфиналето на Европскиот Куп е голем успех, но охриѓани сакаат уште подалеку.

Имаат шанса охридските „гладијатори“ да се вбројат меѓу четирите најдобри во ова натпреварување, а тоа ќе треба да го потврдат денеска.

Имено, ГРК Охрид пред полни трибини и со голема поддршка на домашните навивачи, треба да одбранат пет голови предност од Атина. Избраниците на Ројевиќ првиот меч го добија со 31-26 и најавија дека имаат капацитет за полуфиналето.

Како што информираа од таборот на охридскиот клуб, интересот за овој натпревар е огромен и веќе сите карти се распродадени.

Дуел меѓу Охрид и Олимпијакос ќе се игра попладнево во терминот од 18 часот, а ќе можете да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇👇👇

Следете нé на социјалните мрежи