Три месеци немаме добитен тикет, па со враќањето на клупскиот фудбал се надеваме дека ќе се вратат и добивките.

Одбравме 6 пара повторно во Златна Копачка, бидејќи за викенд имаат 10% бонус секое утро и секоја вечер од 9 до 11 часот, па затоа како и секогаш, нашиот совет е овој тикет да го играте во сабота наутро како би ја максимизирале добивката, а можеби и некој од овие парови ќе го има во ЕКСТРА ТИП па добивката ќе биде уште повисока.

Да не должиме многу, еве што ќе играме на нашиот викендашки тикет:

М. СИТИ vs ЛИВЕРПУЛ: 1+ 1+

Не би објаснувале многу зошто головите не би требало да недостигаат во сабота… Сити ќе тргне фуриозно, Ливерпул нема што да брани, затоа овој дуел ќе го играме на голови, барем еден во прво и барем еден во второ.

АТЛЕТИКО МАДРИД vs БАРСЕЛОНА: 2+ 2П

Атлетико и Барселона докажаа на досегашните дуели оваа сезона дека голови паѓаат редовно. Првото полувреме ни мириса дека ќе биде бавно и претпазливо, но еден гол ќе го отвори натпреварот во кој очекуваме да има барем два гола во второ полувреме, а коефициентот за оваа игра е одличен во Златна Копачка.

ИНТЕР vs РОМА: 1

Доколку не сакаат да ги стигне сценариото од претходната сезона, нероаѕурите нема што да калкулираат во недела против Рома, освен да одат на победа. Во тимот се враќа Лаутаро Мартинез, по подолго време ќе игра и со Дамфрис, па затоа типуваме чиста победа за Интер.

НАПОЛИ vs МИЛАН: 1Х 2+

Наполитанците со победа против Милан ќе се искачат на второто место, а доколку Интер киксне тогаш ќе бидат и сериозен кандидат да го одбранат Скудетото. Но за да играме на посигурно, бидејќи сакаме да стигнеме до добивка, овој дуел ќе го типуваме 1Х и 2+ гола.

ВАЛЕНСИЈА vs СЕЛТА: Т1 1+ 2П

Во последните натпревари, Валенсија покажува јасен тренд: повеќе од 60% од головите ги постигнува во второто полувреме. Селта, од друга страна, има проблем со концентрација во завршницата: над 50% од примените голови им се во второ полувреме, особено на гостувањата.

ЛАЦИО vs ПАРМА: 1

Лацио игра сигурно дома и тоа се гледа и во резултатите, 3 победи на претходните 5 натпревари, веќе две по ред, па очекуваме добрата форма да продолжи и против Парма.