Уште една вечер во НБА лигата мина на балканскиот двоец, Лука Дончиќ и Никола Јокиќ. Двајцата беа водечките ирачи во своите екипи, ЛА Лејкерс и Денвер во нивните победи.
Лука Дончиќ постигна 51 поени во триумфот на Лејкерси против Шарлот со 142-130. За Словенецот, ова првиот натпревар во дресот на Лејкерси.
Ова беше 13-тиот натпревар на Дончиќ со 40 поени во 82 настапи за Лос Анџелес, со кој се искачи на деветтото место во историјата на тимот.
Тимот на Денвер славеше на гостувањето кај Сан Антониот со 131-136.
Спарси играа без својот најдобра играч Виктор Вембањама. Иако Французинот се загреваше пред натпреварот, тој остана во соблекувалната. Домаќините имаат и 20 поени предност во третиот квартал, но не успеаја да ја сочуваат.
Во победничката екипи Никола Јокиќ заврши со троен ефект. Србинот имаше 31 поен, на кои додаде 20 скока и 12 асистенции. Сепак прв стрелец на Денвер беше Џамал Мари кој постигна 39 поени,
Вечерта на индивидуални остварувања ја дополни и минатогодишниот МВП, Шаи Гиглгиус-Александер.
Тој постигна 35 поени, надополнети со девет асистенции во минималната победа на Оклахома Сити со 104-102 над Бостон.
За Шај тоа беше 127 натпревар во низа во кој постигнати 20+ поени со што го собори рекордот на Вилт Чемберлен од 1963 година.




































