Актуелниот шампион, Оклахома сити го совлада Денвер во дербито на вечерта во НБА лигата со 129-126.
Уште еден натпревар за паметење можеа да гледаат љубителите на кошарката а на задоволство на домашната публика заврши со победа на Танндерси. Овој натпревар мина во знакот на Шаи Гилџус-Александар актуелниот МВТП од лани и Никола Јокиќ еден од кандидатите за годинашното признание.
Шаи беше јунакот на Оклахома погодувајќи тројка на 2,7 секунди до крајот за победа. Со оваа реализација Александер израмни рекордот на легендарниот Вилт Чемберлен. Тој натпреварот го заврши со 35 поени, 15 асистенции и 9 скокови. Тоа беше негов 126 натпревари по ред со 20+ поени, а веќе против Бостон ќе може да го сруши рекордот.
На спротивната страна Никола Јокиќ оствари нов трипл-дабл. Србинот натпреварот гои заврши со 32 поени, 14 скокови и 13 асистенции. Сепак тоа не му помогна на Денвер да избегне пораз по кој падна на шестата позиција на табелата во Западната конференција.




































