Словенецот, Лука Дончиќ е незапирлив сезонава. Најдобриот стрелец во НБА лигата, одигра уште еден брилијантен натпревар во кој Лејкерси го совладаа Њујорк со 110-97.
Тимот од ЛА настапи без Леброн Џејмс, па Дончиќ беше оној кој целосно, повторо, ја презема лидерската улога.
Натпреварот беше решен во третата четвртина кога Лејкерси успеаја да се одлепат. Предводени од Лука Дончиќ, кој постигна дури 14 поени во оваа четвртина, „Езерџиите“ на стартот на последната влегоа со предност од +19 поени. Тоа се покажа како решавачки, иако Никси постојано се обидуваа да ја анулираат негативата.
Дончиќ натпреварот го заврши со 35 поени на кои додаде 8 скока и 4 асистенции, а Ривс помогна со 25 поени. На другата страна Таунс имаше дабл-дабл соо 25 поени и 16 скока, а Бренсон заврши со 24 поени.




































