Бранителот на титулата, Наковски Волеј го комплетираше четвртфиналното друштво во Купот на Македонија кај одојкарките.

Со победата од 3:0 над второлигашот Борец жени, Струмичкиот состав им се приклучи на екипите на: Работнички Скопје, Газели Волеј, Младост УГД, Јанта Волеј КВ, Пелистер Волеј, Вардар ЕМ и Струмица жени

И тие ги потврдија улогите на фаворити против своите противници и славеа победи со максимален резултат 3:0.

Резултатите од осминафиналната фаза не донесоа поголеми изненадувања, со исклучок можеби на податокот дека ланскиот полуфиналист Фит Фан Волеј оваа година настапот го заврши во раната фаза од натпреварувањето, со поразот од Вардар ЕМ.

Четвртфиналните парови ќе бидат одредени преку полудиригирана ждрепка, каде клубовите ќе бидат поделени во два шешири според пласманот од есенскиот дел на сезоната. Четвртфиналето од Купот исто така се игра во еден добиен натпревар на теренот на подобропласираните екипа.

КУП НА МАКЕДОНИЈА (ЖЕНИ) – ОСМИНАФИНАЛЕ:

Наковски Волеј – Борец жени 3:0 (25:11, 25:19, 25:18)
Работнички Скопје – Ново Село 3:0 (25:5, 25:10, 25:10)
Газели Волеј – Виола Волеј 3:0 (25:15, 25:7, 25:7)
Младост УГД – Форца Волеј ЕМА 3:0 (25:9, 25:18, 25:22)
Јанта Волеј КВ – Вардар жени 3:0 (25:13, 25:16, 25:14)
Пелистер Волеј – Фламинго Волеј 3:0 (25:14, 25:12, 25:16)
Струмица жени – Ускана 3:0 (25:8, 25:11, 25:16)
Вардар ЕМ – Фит Фан Волеј 3:0 (25:19, 30:28, 25:21)