Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер вечерва се враќа на обврските во Лигата на шампионите. Пелистерци пред својата публика во Битола ќе го играат единаесеттиот натпревар.

На „жешкиот„ терен во салата „Боро Чурлевски“ ќе гостува полската екипа Висла Плок.

Пелистерци досега имаат само две победи и дури осим порази меѓу кои и оној од Висла од која загубија со убедливи 11 голови разлика.

Сепак, битолчани се надеваат на реприза од минатата сезона, кога во Битола, Пелистер успеа да го совлада полскиот шампион. Полскиот првак минатата сезона си замина со пораз од „Боро Чурлевски“, а навивачите на Еурофарм Пелистер посакуваат да се повтори тоа и сезонава.

Сега зелено-белите со нов предводник, повратникот Стефче Алушовски ќе се обидат да ги израдуваат своите навивачи. На, Алушовски јасно му е дека задачата нема да биде ни малку лесна, бидејќи како пелистерци, така и Висла има мотив да ги освои двата бода.

Пелистерци претпоследното 7.место на табелата, со четири помалку од ПСЖ и ГОГ Гудме. Затоа победа и два нови бода џелено-белите и браќа во игра за местата што водат во осминафинале.

Вечерашниот натпревар Еурофарм Пелистер – Висла ќе започне во терминот од 20:45 часот.