Синоќа во НБА беа одиграни четири натпревари.
Во најинтересниот, Шарлот Хорнетс заостануваа 22 поени зад Њу Орлеанс (34:56), но направија пресврт и победија со 102:95.
Ламело Бол постигна 24 поени за Хорнетс, Кон Кнупел додаде 17 поени, погодувајќи четири тројки. Ова беше седмата последователна победа на Хорнетс, нивната најдолга серија од март 2016 година, со кој се во игра за плеј-ин.
Алперен Шенѓун го одигра својот најдобар индивидуален натпревар оваа сезона. Турчинот заврши со дабл-дабл ефект со 39 поени и 16 сокови во победата на Хјустон на гости против Индијана со 114-118.
Џабари Смит Џуниор додаде 19 поени за Рокетс, кои играа без Кевин Дурант . Најдобар играч на „Пејсерс“ беше Паскал Сиакам со 27 поени и пет асистенции, додека Бенедикт Матурин додаде 25 поени и пет асистенции.
Мемфис Гризлис ја прекинаа серијата од шест порази и ги победија Минесота Тимбервулвс со 137-128.
Џарен Џексон Џуниор постигна 30 поени, а Тај Џером додаде 19 за победничкиот тим. Ентони Едвардс беше најдобриот играч на „Вулвс“ со 39 поени и седум скока.
Филаделфија ја забележаа својата четврта последователна победа на гостински терен против Лос Анџелес Клиперс, славејќи триумф од 128:113. Ова беше нивното прво од петте гостувања против тимови од Западот.
Тајрис Макси ги предводеше „Сиксерси“ со 29 поени, пет скока и шест асистенции, а Доминик Барлоу додаде 26 поени и 16 скока.
Кавај Ленард постигна 29 поени и собра шест асистенции, но Клиперс го претрпеа вториот пораз на последните три натпревари.




































