Во НБА синоќа се одиграа осум натпревари. Ги издвојуваме поразите на водечките тимови на Истокот и Западот, Детроит Пистонс беа поразени од Финикс Санс, додека Оклахома Сити Тандер загубија од Минесота Тимбервулвс.
Феникс Санс го победија водечкиот тим на Истокот, Детроит Пистонс, со 114:96. Дилон Брукс постигна личен рекорд од 40 поени, додека Грејсон Ален додаде 24 поени. Ова е нивна петта победа во последните седум натпревари.
Кејд Канингем со 26 поени ги предводеше Пистонс, кои загубија по трет пат во последните 12 натпревари.
По пет последователни порази, Минесота се израдува победувајќи го актуелниот шампион Оклахома Сити Тандер со 123:111.
Ентони Едвардс ги предводеше „Вулвс“ со 26 поени, пет скока и пет асистенции, Џејден МекДениелс додаде 21 поен. Шаи Гилџус-Александар беше најдобар кај „Тандер“ со 30 поени, осум скока и пет асистенции.
НБА:
Филаделфија – Сакраменто 113:111
Вашингтон – Милвоки 109:99
Атланта – Хјустон 86:104
Чикаго – Мајами 113:116
Далас – Шарлот 121:123
Денвер – Бруклин 107:103
Феникс – Детроит 114:96
Минесота – Оклахома Сити 123:111




































