Македонскиот олимписки тим е подготвен да ги брани државните бои на Зимските Олимписки игри во Кортина и Милано, Италија.
Четири олимпијци ја исполнија квотата и со голема мотивација ќе настапат во своите дисциплини.
Во нордиско трчање ќе се натпреваруваат Ана Цветановска во женска конкуренција и Ставре Јада кај мажите, и двајцата ќе настапат во спринт и интервал старт трката на 10 километри.
Алпското скијање ќе го претставуваат Јана Атанасовска и Мирко Лазарески, кои ќе се борат за добар резултат во слаломската и велеслаломската трка.
Македонскиот олимписки комитет најави дека сите спортисти се максимално подготвени за предизвикот и дека очекува достојно претставување на нашата земја. Во наредните денови ќе бидат објавени точните термини на настапите.





































