Иако Лука Дончиќ одигра уште еден фантастичен натпревар, сепак екипата на Лос Анџелес Лејкерс претрпе пораз.
„Езерџиите“ се поразени пред своите симпатизер во Лос Анџелс од Шарлот Хорнетс со 117:113.

Дури девет тројки постигна Ламело Бол , кој со 30 поени, 11 асистенции и шест скока и ги предводеше Хорнетс до победата. Брендон Милер додаде 26 поени и пет асистенции.

Лука Дончиќ беше најефикасниот играч со 39 поени, а Леброн Џејмс додаде 29 поени, девет скока и шест асистенции.

Ова беше 15-та победа сезонава за Хорнетс, а 15-ти пораз за Лејкерс.

Следете нé на социјалните мрежи

Резултати:
Детроит – Феникс 108:105
Хјустон – Оклахома Сити 91:111
Мајами – Бостон 114:119
Сан Антонио – Милвоки 119:101
Далас – Јута 144:122
Голден Стејт – Њујорк 126:113
Портланд – Атланта 117:101
ЛА Лејкерс – Шарлот 117:135