А, вчера на првиот натпреварувачки ден на Европскиот шампионат фаворити ги оправдаа улогите во четирите одиграни натпревари.
Откако Франција и Шпанија славеа победи над Чешка и Србија, тоа вечерва го сторија Норвешка и Германија.
Во дуелот од Б групата, одигран во Осло, ко-домаќинот на првенството Норвешка ја демолираа Украина со 17 голови разлика (39-22). Норвежаните доминираа во текот на целиот натпревар, а најрасположен за игра беше Андерсон со седум гола. Во следното 2.коло, во сабота, Норвежаните ќе играат против Чешка, а Французите со Украина.
Во Хернинг, Данска, се играат натпреварите во две групи.
Во првата (А) група, селекцијата на Германија стартуваше со победа. Германците речиси цело време го контролираа резултатот во дуелот со Австрија, за на крајот да слават со 30-27. Јоханес Гола со 7 голови беше прв стрелец во победничката селекција, а Себастијан Фримел со 9 за Австрија најдобар на натпреварот.
Во првиот натпревар од оваа конкуренција, Шпанија славеше во дуелот со Србија. Во 2.коло во сабота, Германците ќе играат против Србија, а Шпанците против Австрија.
Утре на програмата се шест нови натпревари, а најважниот за нас е оној во Херниг од 20,30 часот во кој Македонија ќе игра против Данска.


































