Богата НБА ноќ во која беа одиграни 12 натпревари повторно минаа во знакот на Никола Јокиќ и Лука Дончиќ.
Никола Јокиќ не беше најефикасниот играч за Денвер во пресврт победата над Орландо со 126:115. Тој примат го понесе Џамал Мареј кој постигна 32 поени. Сепак, Јокиќ повторно се запиша во историјата на НБА лигата.
Србинот натпреварот го заврши со својот 13-ти троен-ефект сезонава. Јокиќ постигна 23 поени, на кои додаде 11 скока и 13 асистенции. Популарниот „Џокер“ го собори рекордот на легендарниот Карим Абдул Џабар и стана најдобриот центар во историјата на НБА по бројот на остварени асистенции (5.661).
А, да не биде покус од Јокиќ, и Лука Дончиќ одигра брилијантен натпревар.
И Словенецот во победата на ЛА Лејкерс над Јута со 143:135, оствари трипл-дабл. Лука до својот петти троен ефект сезонава, стигнам со 45 поени 14 асистенции и 11 скока.
Дончиќ го имаше својот прв трипл-дабл од 40 поени како Лејкерс откако пристигна минатата сезона. Тој стана втор играч кој има трипл-дабл со 45 поени со пет украдени топки откако НБА почна да води евиденција за украдените топки. Кејд Канингем беше прв.
НБА:
Шарлот – Атланта 133:126
Индијана – Њујорк 113:114
Бруклин – Мајами 95:106
Милвоки – Торонто 105:111
Њу Орлеанс – Хјустон 133:128 (по продолжение)
Оклахома Сити – Лос Анџелес 122:101
Сан Антонио – Вашингтон 119:94
Далас – Детроит 116:114 (по продолжение)
Денвер – Орландо 126:115
Финикс – Голден Стејт 99:98
Јута Џез – Лос Анџелес Лејкерс 135:143
Портланд Треил – Сакраменто 134:133 (по продолжение)




































