Српскиот кошаркар Никола Јокиќ не престанува да ги воодушевива гледачите низа НБА арените.

Јокиќ оствари уште еден трипл-дабл , 13-ти сезонава за него, во победата на неговиот Денвер над Хјустон со 128:125 по продолжение. Целиот натпревар беше прилично изедначен, со наизменични водства. По нерешениот резултат 117:117 во регуларното време, Нагетсите постигнаа 11 поени во продолжението и примија осум, со што победија.

Јокиќ имаше 39 поени, 15 скока, 10 асистенции, две украдени топки, две блокади и шест лични грешки, а го следеше Џамал ​​Мареј со 35 поени, три скока и пет асистенции. На друга страна, Алперен Сенгун исто така оствари трипл-дабл , со 33 коша додаде десет скока и асистенции.

Дополнителни пет минути се играа и на натпреварот во Солт Лејк Сити. Таму домашниот тим на Јута го совлада Далас со 140-133.

Кошаркарот на гостите Купер Флег постигна 42 поени и со 18 години стана најмладиот играч во НБА лигата кому му успеало тоа. Тој го мина рекордот на Леброн Џерјмс од 13 декември 2003 година, кој тогаш постигнал 37 поени.

Резултати на останатите натпревари:
Бостон – Детроит 105:112,
Мајами – Торонто 96:106,
ЛА Клиперс – Мемфис 103:121.