Многу богата програма во НБА лигата синоќа, речиси сите беа во акција.
Денвер заостануваа зад Атланта со 23 поени разлика, но на крајот славеа со голем пресврт со 133-134. Домашните кошаркари на Хокс шутираа неверојатно, на почетокот од натпреварот, погодувајќи практично сè. Во финишот на полувремето имаа +23, а го завршија со +19.
Сепак во вториот дел Нагетс, предводени од Никола Јокиќ успеаја да направат пресврт. Србинот го заврши натпреварот со 40 поени, од кои дури 30 постигна во второто полувреме. Тој додаде и 9 скока, како и 8 асистенции, а имаше поддршка од Џамал Мареј со 23 поени и 12 асистенции.
Во оваа победа Денвер се израмни со ЛА Лејкерси на 3.место во Западната конференциј.
Тимот од Лос Ајџелес го загуби вечното дерби на гостувањето кај Бостон со 126-105.
И на овој натпревар кај Лејкерси не настапи Лука Дончиќ, ни и бе Леброн Џејмс. Затоа Ривс со 36 поени беше прв стрелец на натпреварот, но тоа не им помогна на Лејкерси да избегнат пораз.
Џејлен Браун со 30 поени и по осум скокови и асистенции, беше прво име во победничкиот тим на Селтикс.
Резултати:
Милвоки – Филаделфија 101:116
Кливленд – Сан Антонио 130:117
Детроит – Портланд 122:116
Хјустон – Финикс 117:98
Бостон – Лос Анџелес 126:105
Торонто – Шарлот 86:111
Атланта – Денвер 133:134
Њујорк – Јута 146:112
Чикаго – Индијана 105:120
Орландо – Мајами 106:105
Оклахома Сити – Далас 132:111
Мемфис – Лос Анџелес 107:98



































