Девет натпревари ноќеска беа одиграни во НБА лигата, а од нив ги издвојуваме поразите на Денвер и ЛА Лејкерс.

Бадијала остана тројниот ефект на Никола Јокиќ, кога неговиот Денвер повторно загуби пред своите навивачи. Екипата на Далас славеше во Колорадо со 121-131, за четврти во низа пораз на Нагетс на домашен терен.

Јокиќ го забележа 11-ти трипл-дабл оваа сезона, со 29 поени, 20 скока (најмногу сезонава) и 12 асистенции. Поголема грижа од поразот за Денвер е повредата на Мареј на почетокот на третата четвртина. Тој мораше да отиде до соблекувалната, а по кратко време се врати и го заврши периодот. Но, не беше на клупата во последните 12 минути, па натпреварот го заврши со 10 поени и девет асистенции.

Во победничката екипа Ентони Дејвис постигна 32 поени, најмногу сезонава, во својот втор натпревар по враќањето од повреда.

Пораз пред своите навивачи претрпе и тимот на Лос Анџелес Лејкерс.

Крај на низата од седум последователни триумфи на „Езерџиите“ стави тимот на Феникс кој славеше со убедливо 108-125. Иако „сонцата“ во второто полувреме играа без својот најдобар играч Девин Букер кој се повреди, сепак успеаја да ги надиграат Лејкерси.

Лука Дончиќ постигна 38 поени и имаше 11 скока, но тимот загуби 21 топка, а самиот Словенецот „продаде“ девет, им подари на Феникс 32 коша.

Леброн Џејмс заврши со 10 поени, едвај одржувајќи ја својата неверојатна серија на постигнувања двоцифрен број поени во 1.297 последователни натпревари од регуларната сезона.