Во машката ракометна Супер лига викендов каде на програмата е 14 коло вечерва ќе се игра вториот дерби дуели.

Откако вчера во Охрид, тимот на Вардар славеше победа и остана перфектен, вечерва дерби ќе се игра во Битола.

Шампионот Еурофарм Пелистер го пречекува скопски Алкалоид во дуелот на второ и четврто пласираните екипи на табелата.

Првиот меѓусебен дуел сезонава одигран во Автокоманда заврши без победник 33-33, а пелистерци во тој меч се „спасија“ од пораз.

Алкалоид сега повторно го чека тешка задача, а ќе се обиде да го избегне третиот овосезонски пораз. Претходните два беа во дуелите со конкурентите за највисок пласман Вардар и Охрид, а мала рехабилитација дојде минатонеделната победа над Тиквеш.

Пелистерци од друга страна во овој меч влегуваат по тешкиот дуел во Лигата на шампионите, со европскиот првак Мегдебург. Дуелот со Алкалоид доаѓа и пред важниот меч во елитното натпреварување против Загреб што ќе се игра веќе во среда во Хрватска. Сепак, Гарабаја и неговите избраници, нема што да тактизираат со силите и едноставно ќе мора да атакуваат на бодовите.

Ова доколку Пелистерци сакаат да го задржат чекорот со лидерот на табелата Вардар. Вардарци кои ја впишаа 14-тата првенствена победа во исто толку одиграни натпревари се убедливо први на табелата со 28 бодови, пет повеќе од шампионот Еурофарм Пелистер.

Денешниот натпревар меѓу Еурофарм Пелистер и Алкалоид ќе почне во терминот од 19,30 часот, а може да ГО ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.