Уште една интересна вечер понуди НБА лигата, во кој вп реден план, индивидуално беа Никола Јокиќ и Џејмс Харден.
Тимот на Денвер Нагетс претрпе неочекуван пораз на домашен терен од Сакраменто Кингс со 123:128.
Тоа беше слатка одмазда на Расел Вестбрук кон Нагетс каде што беше минатата сезона, а подоцна изјави дека не чувствувал дека го сакаат во тимот оваа сезона. Вестбрук натпреварот го заврши со 21 поен, 11 асистенции и шест скока. Помош имаше од Германецот, Денис Шредер кој исто така постигна 21 поен на кои додаде седум асистенции.
44-те поени на Никола Јокиќ и 13-те скока и седум асистенции, останаа без ефект за тимот на Денвер.
Лос Анџелес Клиперс победија на гостински терен кај Шарлот Хорнетс со 16:131.
Неверојатниот Џејмс Харден постигна 27 поени во првата четвртина, стигна до 35 поени до полувремето, а натпреварот го заврши со 55 поени. Ова е втор пат во неговата кариера, популарниот „брада“ да стигне до оваа бројка. Сепак, неговиот личен рекорд останува 61 поен.
Резултати на другите натпревари:
Чикаго – Вашингтон 121:120
Њу Орлеанс – Атланта 98:115
Далас – Мемфис 96:102
Милвоки – Детроит 116:129
Орландо – Њујорк 133:121



































