Синоќешната програма во НБА лигата понуди четири натпревари.
Во најинтересниот и неизвесен натпревар, Филаделфија славеше против Милвоки по продолжение со 123:114.
Тајрис Макси имаше блескав настап со 54 поени, пет скока и девет асистенции. Пол Џорџ додаде 21 поен. Кај Бакс, Ролинс постигна 32 поени и 14 асистенции, Портис имаше 19 поени и осум скока.
ЛА Клиперс го запишаа третиот пораз по ред, губејќи убедливо во Орландо со 129:101. Харден постигна 31 поен, а Жупац имаше 14 поени и 19 скока, но тоа не беше доволно. Сагс со 23 поени и Вагнер со 20 беа најдобри кај домаќините. Клиперсите имаат скор 4-11 и се далеку од очекувањата.
Мемфис ја остварија најубедливата победа на вечерта, совладувајќи ги Сакраменто со 137:96. Алдама постигна 29 поени, Ландејл додаде 21. Лавин беше најдобар кај Кингс со 26 поени, но тимот остана без шанси уште на полувремето.
Сан Антонио ја запишаа својата 11-та победа, совладувајќи ги Атланта Хокс со 135:126. Фокс постигна 26 поени и девет асистенции, Џонсон додаде 25 поени. Александар-Вокер беше најдобар кај Хокс со 38 поени и осум тројки, а Џејлен Џонсон имаше 26 поени и 12 скока.



































