Ноќеска беа одиграни шест НБА натпревари, од кои ја издвојуваме победата на ЛА Лејкерси над Јута Џез. Уште еден одличен настап имаше на Лука Дончиќ во натпреварот во кој на теренот се врати Леброн Џејмс.

„Лејкерс“ славеа победа над „Џезерите“ со 140-126.

40-годишниот Џејмс го имаше своето деби во сезоната во стартната постава на Лејкерси и одигра 30 минути. Тој натпреварот го заврши со 11 поени и 12 асистенции во првиот натпревар од неговата рекордна 23-та сезона во НБА лигата. Винс Картер е единствениот друг играч во историјата на НБА кој учествувал во 22 сезони.

Сепак, натпреварот го одбележа Лука Дончиќ кој оствари двоен ефект. Словенецот заврши со 37 поени, 10 асистенции на кои додаде пет скока.

на останатите натпревари беа постигнати следниве резултати:

Орландо – Голден Стејт 121:113
Атланта – Детроит 112:120
Бруклин – Бостон 99:113
Сан Антонио – Мемфис 111:101
Портланд – Феникс 110:127