Шест натпревари беа одиграни во НБА лигата синоќа. Шампионот Оклахома Сити Тандер продолжува да победува, а во ист ритам игра и тимот на Денвер.
Оклахома Сити останува само на еден пораз оваа сезона откако го победи Голден Стејт со 126:102.
Шаи Гилиус-Александар постигна 28 поени во три четвртини, со пет скока и 11 асистенции, додека Чет Холмгрен имаше совршена вечер (9/9 од поле, 3/3 од поле) со 23 поени и 11 скока. За шампионот тоа беше 110-та победа, а Вориорс сега имаат по шест победи и порази.
Веднаш зад Оклахова втор на табелата во Западната конференција е тимот на Денвер. Нагетс одиграа добро на гостински терен против Сакраменто, каде ја остварија осмата победа сезонава со резултат од 122:108.
Никола Јокиќ ги предводеше Нагетсите со 35 поени, 15 скока и седум асистенции, Џамал Мареј додаде 23 поени и осум скока. По 19 поени за Сакраменто постигнаа Домантас Сабонис и Дру Јубенкс.
РЕЗУЛТАТИ
Бруклин – Торонто 109:119
Њујорк – Мемфис 133:120
Оклахома Сити – Голден Стејт 126:102
Филаделфија – Бостон 102:100
Јута – Индијана 152:128
Сакраменто – Денвер 108:122



































