Oткако доминираше во првиот натпревар против Нешвил (3-1) со два гола, а потоа постигна брилијантен гол во поразот во реваншот (2-1), Лионел Меси повторно беше во центарот на вниманието за Интер Мајами.
Аргентинецот го предводеше својот тим до убедлива победа од 4-0 над Нешвил и со тоа обезбеди место во полуфиналето на конференцијата, или пошироко, во четвртфиналето на МЛС.
Двата гола Меси ги постигна во првото полувреме, 10-тата и 39-тата минута со што го најави триумфот на Мајами.
Во вториот дел и Тадео Аљенде два пати се запиша во листата на стрелци, а Маси му асистираше на вториот гол.
За Аргентинецот тоа беше неговата рекордна 400-та асистенција во кариерата, а сега стигна и до бројката од неверојатни 894 гола во 1133 сениорски натпревари.
🇦🇷 Lionel Messi’s career stats are a joke! 😮💨
— Sholy Nation Sports (@Sholynationsp) November 9, 2025
👕 1133 games
⚽️ 894 goals
🎯 400 assists
🏆 46 trophies
⭐️ 8 Ballon d’Ors
The greatest player of all time! 🐐 pic.twitter.com/2EA99MdvEH





































