Вечерта во НБА лигата ја одбележаа неколку неизвесни натпревари како и новиот одличен настап на Никола Јокиќ.

Србинот им се придружи на Робертсон и Вестбрук како трет кошаркар во историјата со четири трипл-дабл на стартот на сезоната. Јокиќ заврши со 21 поен, 12 скока и 10 асистенции во лесната победа на Нагетсите над Њу Орлеанс 122:88.

Драма во Минесота, каде Лејкерси ги победија Вулвс по втор пат во сезоната. Остин Ривс го носи тимот на грб во отсуство на Дончиќ и Леброн. Ривс уфрли 28 поени, на кои додаде 16 асистенции, а погоди и со звукот на сирената за победа.

Неизвесно беше и во Феникс, каде Мемфис славеше со 113:114

Џа Морант постигна кош на седум секунди пред крајот, а Букер, кој половина од своите 32 поени ги постигна во последната четвртина, го промаши шутот за победа за Санс. Морант ги предводеше гостите со 28 поени.