Со одигрувањето на натпреварите од последната рунда во двете групи, познати се десетте екипи кои ќе ги продолжат натпреварите во разигрувањето на шампионскиот трофеј во Првата женска кошаркарска лига на Македонија.

Согласно пласманот на табелите, но и претходно утврдениот систем за натпреварување, пред стартот на четвртфиналната рунда, четири екипи ќе разигруваат за место меѓу осумте најдобри.

Прво и второ рангираните тимови во Б конкуренцијата, Патриот и Шкупи, за место во четвртфиналето ќе се борат со седмо и осмо пласираните тимови во А групата, Пробаскет и Гризли. Тимовите што ќе забележат две победи ќе се пласираат во четвртфиналето, каде ги чекаат двете најдобро рангирани екипи и главни фаворити за титулата, Баскет Кам и Бадел.

БАРАЖ НАТПРЕВАРИ
ПРОБАСКЕТ – ПАТРИОТ
ГРИЗЛИ – ШКУПИ
– Првите натпревари ќе се играат на 25 март, реваншите на 29, а доколку е потребно мајсторките би се играле на 1 април

ПЛЕЈ-ОФ ЧЕТВРТФИНАЛНИ ДВОЈКИ
(1) БАСКЕТ КАМ – (8) Пробаскет / Патриот
(2) БАДЕЛ – (7) Гризли / Шкупи
(3) КРИВА ПАЛАНКА – (6) СТРУГА
(4) ВАРДАР – (5) МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ