Откако вчера македонските претставници ги дознаа противниците во првата елиминациска рунда на европските купови, денеска примен на еден натпревар.
Имено сите четири македонски екипи требаше да гостуваат на првите натпревари.
Сепак, освојувачот на Купот на Македонија, Вардар наместо на гости, првиот меч против Ла Фиорита ќе го игра пред својата публика.
Така враќањето на Вардар на европската сцена ќе го гледаме прво на арената „Тодор Проевски“ во Скопје на 10 јули. Реванш натпреварот ќе се игра во седум дена подоцна во Сан Марино.
Попладнево пак (14 часот) ќе биде извршена и ждрепката за второто коло. По неа ќе бидат познати и можните противници на македонските екипи за таа рунда.