Управниот одбор на ФФМ го прифатен предлогот на работната група за промена на системот на натпреварување во македонските фудбалски лиги.
Претстојната сезона во Првата лига ќе има кратење, односно од 12 за сезоната 2026/27 ќе останат 10 екипи.
Така екипите кои ќе завршат на последните три места директно ќе се преселат во Втората лига, од која само првопласираниот ќе стекне прволигашки статус.
Затоа пак, наместо еден бараж натпревар ќе има разигрување .
Во него за место во најдобрата конкуренција ќе се борат осмо и деветто пласираните екипи од Првата и втори и трето рангираните екипи од Втората лига.
Така во натпреварувачката сезона 2026/2027, Првата лига ќе брои 10, а Втората лига наместо 16 ќе ја сочинуваат 14 екипи.
Промени ќе има и во Третите лиги кои ќе бидат поделени во шест нови региони, а кои дополнително ќе бидат дефинирани преку измени во Правилникот за регионална организација.
Од сезоната 2026/27, од ПМФЛ директно ќе испаѓа само последно пласираниот тим (10.место), а разигрување за опстанок ќе играат два тима (8 и 9 место).