По тешкиот пораз во третиот натпревар, Оклахома се врати на победничките патеки и дојде на чекор до финалето. Тандерс им се одмаздија на Тимбервулвс за поразот од 42 поени во третиот натпревар, па синоќа славеа со 128:126.

Со оваа победа трета во финалето на западната конференција, екипата на Оклахома го дели еден триумф од големото финале.

МВП-то на сезоната Шаи Гилгиус-Александар одигра на нивото на признанието и го делеше еден скок од троен-учинок. Тој постигна 40 поени, на кои додаде 10 асистенции и 9 скока. И неговиот соиграч Џален Вилијамс исто така имаше врвен настап , постигнувајќи 34 поени.

Најдобар играч на „Тимбервулвс“ беше Никил Александар-Вокер со 23 поени, Џејден МекДениелс постигна еден помалку , а Донте ДиВинченцо заврши со 21 .

Серијата така повторно се сели во Оклахома, каде што Тандер ќе имаат можност да ја завршат приказната во финалната серија на Западната конференција во ноќта од среда кон четврток.