И третиот натпревар помеѓу Индијана Пејсерс и Њујорк Никс донесе нови возбудувања и пресврти.

Пејсерси имаа водство од дури 20 поени, но тоа не беше доволно за трето славје, а Њујорк победи со 106:100.

Во првата четвртина беше доста неизвесно и интересно. Водството се менуваше, но на крајот домаќините го завршија кварталот со четири поени предност (30:36). Втората четвртина исто така им припадна на Пејсерсите, тие водеа со +13 (58:45) до полувремето, а во еден момент од второто полувреме водеа со +20. Третата четвртина заврши 80:70 за играчите на Рикс Карлајл, но во последните минути Никсите го забрзаа резултатот и успеаја да победат.

Карл-Ентони Таунс беше најдобар во редовите на победничкиот тим со двеон ефект со 24 поени и 15 скока. Џејлен Брансон додаде 23 коша, додека Ануноби постигна 16.

За Пејсерс, Тајрис Халибартон постигна 20 поени и седум асистенции, Мајлс Тарнер заврши со 19 поени, а Паскал Сиакам постигна 17 .

По двата порази на домаше терен и „ре-брејкот“ ноќеска, Никсите се вратија во игра и намалија на 1:2 во победи. И следниот натпревар се игра во Индијанаполис.