Во екот на битката во финалето по конференции, НБА ги објави најдобрите петорки.
Новиот МВП, Шаи Гилгиус-Александар заедно со неговиот најголем конкурент Никола Јокиќ го предводат најдобриот тим. Во него се Гркот, Јанис Антетокумпо и најдобрите играчи на Бостон и Кливленд, Џејсон Тејтум и Донован Мичел .
Во втората петорка се издвојува името на Леброн Џејмс , кој беше избран по 21-ви пат во една од трите најдобри петорки во лигата. Џејмс стана првиот 40-годишник што го постигна ова. 13 пати беше дел од првите пет во лигата, а по четири пати на второто и третото место. Неверојатниот Леброн е дел од најдобрата петорка повеќе од половина од својот живот.
Нему оваа година му се придружуваат: Џејлен Брансон , Стефен Кари , Ентони Едвардс и Еван Мобли како друг претставник на Кливленд Кавалирс.




































