Екипата на Оклахома Сити Тандер е вториот финалист во НБА преј-офот во Западната конференција. Тимот што го имаше вториот најдобар „скор“ во регуларниот дел од сезоната, со 4:3 во победи го елиминира Денвер.

Во „мајсторката“ одиграна пред своите навивачи „Громовите“ го декласираа Денвер со 32 поени разлика 125-93.

Освен во првиот период во кој гостите имаа и двоцифрена предност, останатите три ги добија домаќините. Во еден момент од последниот период Оклахома имаше и 43 поени предност.

Поединечниот дуел на конкурентите за МВП признанието ми припадна на Џај Гилгиус-Александар во однос на Никола Јокиќ. Кошаркарот на Оклахома, натпреварот го заврши како најефикасен играч на натпреварот со 35 поени. Србинот, на спротивната страна постигна 20 поени на кои додаде и 9 сокови и 7 асистенции.

Така Оклахома си обезбеди пласман во финалето на западот, во кое за противник ќе го има тимот на Мемфис. Финалната серија што ќе се игра во четири добиени натпревари ќе почне со два меча во Оклахома Сити.