Дерби дуелот од 6.коло во плеј-оф конкуренцијата на Супер лигат, меѓу Алкалоид и Вардар заврши без победник.
Дуелот одиграно во салата Автокоманда, понуди борбена и интересна ракометна „претстава“, по која немаше победник, а резултатот гласеше 26-26 полувреме 12-12.
Мартин Серафимов со 8 гола за Алкалоид и Вуко Борозан со 7 за Вардар, беа најефикасните играчи.
Ова беше последниот натпревар од оваа рунда во која вчера Еурофарм Пелистер го совлада Тиквеш, а Охрид загуби дома од Бутел.
СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) ПЛЕЈ-ОФ 6.КОЛО
АЛКАЛОИД – ВАРДАР 26-26
ВЧЕРА
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ТИКВЕШ 29-26
ОХРИД – БУТЕЛ 29-31
ТАБЕЛА (плеј-оф): Вардар 13 бодооби, Е.Пелистет 13, Алкалоид 9, Охрид 5, Тиквеш 3, Бутел 2
По ова следува пауза во домашното првенство поради настапот на македонската репрезентација во квалификациите за Европското првенство.