Екипата на Оклахома Тандер е првата што обезбеди конференциско полуфинале во НБА плеј-офот. Тандес сега ќе го чекаат исходот од дуелот ЛА Лејкерс – Денвер во кој Нагетс поведе со 1:2 во победи.

Ова е епилогот од ноќешните два од три одиграни натпревари во најсилната светска кошаркарска лига.

Оклахома со победа од 117:115 на гостувањето кај Мемфис Гризлис ја затворија првата серија со 4-0 во триумфи. Шаи Гилгеус-Александер го имаше својот најдобар натпревар во серијата, постигнувајќи 38 поени.

Денвер пак со звук на сирената успеа да направо брејк на гостувањето во ЛА кај Клиперси.

Нагетс имаа 22 поени на почетокот на четвртата четвртина, но Клиперс се вратија во игра, а имаа победа во рака. Водеа домаќините со два поени предност буквално до последната секунда кога, Гордон со забивање ги постави конечните 101:99 за Денвер.

Никола Јокиќ го одигра својот најдобар натпревар во серијата со 36 поени, 21 скок и осум асистенции. И следниот натпревар се игра на теренот на Клиперси.

Голден Стејт Вориорси поведоа со 2-1 во серијата против Хјустон Рокетс.

Иако домаќините беа без повредениот Џими Батлер, го имаа расположениот Стивен Кари . Тој натпреварот го заврши со 36 поени, девет асистенции и седум скока, а Голден Стејт победи со 104:93.

И четвртиот натпревар овие два тима ќе го играат во Сан Франциско.