Тимот на Минесота започна со „брејк“ на гостиувањето во Лос Анџелес кај Лејкерс во првата рунда од НБА плеј офот.

Се, освен првата четвртина, отиде на страната на „Волците“ кои славеа со резултат 95:117

Тие шутираа неверојатни 50 отсто од три (21/42) и 51,2 отсто од поле севкупно. Тимот го предводеше Џејден МекДаниелс со 25 поени и девет скока, Наз Рид додаде 23 поени, а Ентони Едвардс имаше 22 поени, осум скока и девет асистенции.

Бадијала останаа 37-те поени на Лука Дончиќ, а немоќен беше и Леброн Џејмс кој постигна 19 поени.

На стартна победа за 1:0 се радуваа и кошаркарите на Њујорк.

Тие пред својата публика во „Медисон Сквер Гарден“ ги победија Детроит Пистонс со 123:112.

Џејлен Брунсон ги предводеше Никс со 34 поени и осум асистенции. По 23 поени постогнаа ОГ Ануноби (со седум скока, пет украдени топки) и Карл-Ентони Таунс (11 скока, пет асистенции, четири украдени топки).