Фудбалерите на Вардар направија голем чекор кон пласман во финалето на Купот на Македонија.

Вардарци со 3-0 го добија првиот полуфинален дуел против струмичка АП Брера.

Во првиот дел, беа постигнати два, а можеше да има и повеќе голови,

Првата голема шанса ја имаа гостите од Струмица. По брзата контра во 14.минута од идеални ситуации имаа интернационалците од Нигерија и Габот. Прво Олаосебика се сплетка, а потоа ударот на Нџенгуе беше изблокиран.

И на овој натпревар спорни одлуки на судиите!!!

Истите двајца фудбалери беа вклучени во акцијата во 12.минута, кога од гол линијата спаси Нигериецот, Фаустин Сенгор. Во оваа ситуација немаше ниту корнер, откако првиот помошник сугерираше офсајд ситуација.

Затоа пак вториот не го крена знаменцето на спротивната страна кога Вардар постигна гол. Се играше 26-тата минута кога токму Сенгор ја затресе мрежата на АП Брера за водство на Вардар од 1-0.

Гостите од Струмица се обидуваа да стигнат до израмнување, но Вардар на голот го имаше расположениот Талески. И кога тие не ги искористија своите шанси, следуваше казната. Во првата минута од судиското дополнение, повторно при уфрлање во шеснаесетникот на струмичани, гостински ската одбрана заспа. Тоа знаеше да го казни искусниот Хрват, Матиќ, овојпат со чист, регуларен гол.

Дека уфрлувањето во шеснаесетникот на струмичани е најболната тока на АП Брера се потврди и во 56-тата минута. Тогаш капитенот Закариќ ја казни гостинската екипа, за 3-0 за Вардар.

Вардарци можеа да слават и поубедливо доколку ги искористеа шансите, а струмичани може да жалат за своите пропуштени.

Реванш натпреварот во Струмица ќе се игра 23 април (16 часот).