Со голем интерес се чекаше првиот меч помеѓу Лејкерси и Далас откако Лука Дончиќ се пресели во тимот од Лос Анџелес.

Предводени од Дончиќ, Лејкерси победија со 107:99, со што ја обезбедија третата последователна победа, со што дополнително се зацврстија во Западната конференција.

Словенецот натпреварот го заврши со троен ефект со 19 поени, забележа 15 скока iи додаде 12 асистенции. Леброн Џејмс натпреварот го заврши со 27 поени, 12 скока и три асистенции за победничката екипа.

Во поразената, Кајри Ирвинг по четврти пат во последните пет натпревари постигна над 30 поени.

Најефикасниот и најнеизвесен натпревар се одигра во Мемфис. Таму домашниот тим на „Гризлис“ по продолжение го совлада Феникс „Санс“ со 151:149.

Џа Морант беше прв стрелец во победничката екипа со 29 поени, а одлични беа и Џерен Џексон Јуниор со 28 и Дезмонд Бејн 25 поени.