По голема борба и многу пресврти, а со голот на Кузмановски во последната секунда Македонија остана не поразена во новиот натпревар на СП.
Во натпреварот од 1.коло во новоформираната групата 2, Македонија денеска одигра нерешено со Австрија 29-29.
Австријците беа пред победа, водеа со 29-28 на четири секунди пред крајот.
Но по тајмаутот на Лазаров, капитенот Кузмановски ја презеде одговорноста. Со прекрасен гол Кузмановски израмни на 29-29 за нов бод на контото на Македонија.