Во НБА натпреварите кои требаше да се играат во Лос Анџелес беа откажани поради големиот пожар. Така синоќешната програма содржеше скромни четири натпревари.

Најинтересно беше во Минесота, каде Тимбервулфс речиси цел натпревар имаа предност протов Мемфис. Домашниот тим во последните 90.секунди имаше предност од четири поени, но до крајот не постига кош па гостите се радуваа со 125:127.

Џа Морант беше играчот на одлука кој во завршницата со четирите врзани поени му ја донесе на Минесота победата. Морант натпреварот го заврши со скромни 12 поени, а прв стрелец беше Донте ДиВинченцо со дабл-дабл ефект со 27 поени и 10 скокови.

Мајами ги победи на гостински терен кај Портланд. На полувремето „жешките“ имаа осум разлика, а на крајот заврши 119:98.

Тајлер Хиро беше прво име на средбата со 32 поени, Никола Јовиќ постигна 21, а Адебајо имаше дабл-дабл со 13 поени и 11 скока.

Девин Букер со 34 поени ги предводеше Фен до победата над Јута со 114:106, во која Кевин Дурент придонесе со 25 поени и 7 асистенции.

Детроит Пистонс ја продолжуваат одличната па против Торонто стигнаа до деветтата победа во последните 11 натпревари. Пистонси пред своите навивачи славеа со 123:114.

Кејд Канингам беше одличен и оствари трипл-дабл ефект со 22 поени, 17 асистенции и 10 скокови.