Во финалето на женското Европското Првенство за ракометарки се сретнаа репрезентациите на Нoрвешка и Данска. Во реприза од пред две години, Норвешка повторно ја совлада Данска, сега убедливо со 31:23. За Норвешка, која воедно е и актуелен олимписки првак, ова е јубилеен 10-ти шампионски трофеј од Европските првенства.
Данска го отвори натпреварот со минимално водство од 3:1. Во 16-тата минута, Норвешка успеа да израмни на 5:5, по што следеше период на изедначена игра, со наизменични голови. Иако Данска неколкупати создаде минимална предност, Норвешка брзо се враќаше и израмнуваше . На пауза Норвешка замина со водство од 13:12.
Норвешка го презеде натпреварот во второто полувреме со серија од 7-2, со што во 41-та минута ја зголеми предноста на 20:14. Иако Данска се обиде да ја намали разликата, Норвежанките останаа доминантни, успешно одржувајќи ја контролата на играта. До самиот крај, Данска не успеа да се врати, а Норвешка ја заврши натпреварот со убедлива победа од 31:23
Третото место го освои репрезентацијата на Унгарија откако ја совлада Франција со 25:24.
Ивона Кимовска