Ноќеска во НБА се одиграа само два четвртфинални натпревари од НБА купот, по кои познати се полуфиналните двојки. Екипите на Атланта и Хјустон им се придружија на Милвоки и Оклахома.

На истокот, Њујорк „Никс“ беа изненадувачки поразени од Атланта „Хокс“ во нивниот „Медисон Сквер Гарден“ со 100:108. Никс беа фаворити и така го започнаа натпреварот. Од самиот старт беа во водство, не преголемо од 12 поени, а траеше до средината на третата четвртина. Потоа Атланта направи серија 15-2 и одат на плус 11. Тоа се покажа како решавачки момент па „Хокси“ заслужено славеа.

Де’Андре Хантер со 24 поени беше прв стрелец во победничката екипа, за која двен-ефект остварија Тре Јанг со 22 поени и 11 асистенци и Џејлен Џонсон со 21 поен и 15 скока.

Атланта во полуфиналето закажано за со сабота (22.30 часот) ќе игра против тимот на Милвоки.

Во Западната конференција, Хјустон закажа полуфинале со Оклахома.

Ова откако „Рокетси“ го добија синоќешниот неизвесен дуел со Голден Стејт со 91-80. „Вориорс“ имаа шест поени предност во самата завршница, но не постигнаа ниту еден до крајот па претрпеа пораз.

Турчинот, Алперин Шенѓул беше прво име во победничката екипа завршувајќи со дабл-дабл со 26 поени и 11 скока. Кај „Вориорс“ за кои ова беше седми пораз во последните девет натпревари, Џонатан Куминга постигна 20 поени, а Стивен Кари 19 поени.

Полуфиналето меѓу Хјустон и Оклахома ќе се игра во во недела наутро (2.30 часот), а финалето е закажано за во среда (18 декември – 2.30 часот).