На јужноамериканскиот континент продолжуваат натпреварите во квалификациите за Светското фудбалско првенство 2026-та.
На програмата се дуелите од 11-тото коло, кое ќе го одбележи дербито меѓу Уругвај и Колумбија. Но овој натпревар ќе се игра вечерта во сабота од 1 часот, а рудата ќе биде отворена вечерва.
Селекцијата на Бразил која резултатски е далеку од очекуваното и е на четвртата позиција на табелата и гостува на Венецуела.
По полноќ ќе бидат одиграни два натпревари. Парагвај го пречекува актуелниот светски првак и лидер на табелата Аргентина, а Еквадор се среќава со Боливија.
Аргентина со 22 бодови е лидер на табелата пред Колумбија со 19, односи Уругвај и Бразил кои досега собраа по 16 бодови.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП (ЈУЖНА АМЕРИКА) – 11.коло
четврток
22:00 ВЕНЕЦУЕЛА – БРАЗИЛ
петок
00:30 ПАРАГВАЈ – АРГЕНТИНА
01:00 ЕКВАДОР – БОЛИВИЈА
сабота
01:00 УРУГВАЈ – КОЛУМБИЈА
02:30 ПЕРУ – ЧИЛЕ