Најнеизвесниот натпревар од богатата ноќешни програма во НБА лигата се одигра во Торонто. Дуелот меѓу домашните „Репторси“ и Денвер „Нагетс“ беше решен во продолжението, а на првата победа се радуваа гостите.
Двата тима во овој дуел влегоа без триумф откако ги загубија првите две натпревари. Дека двата тима ја посакуваа победата говореа и бројните жестоки дуели во текот на целиот натпревар., а во неколку наврати судиите мораа да ги смируваат страстите.
Торонто беше блиску до триумф, но победата оди за Колорадо.
Џамајл Мареј со акробатски кош на 3.сесетинки до крајот на регуларниот дел успеа да го израмни резултатот на 114-114.
За останатото се погрижи Никола Јокиќ, кој со седум поени во продолжението, а вкупно 40 му ја донесе првата победа на својот тим. Србинот додаде и десет скока, додека Мареј заврши со 17 поени, 9 скокови и 7 асистенции.
Во поразената екипа, Скоти Барнс имаше 21 поен, 12 скока, а му недостигаше асистенција за трипл-дабл.