Во исчекување на следните тројна македонски спортисти што треба да настапат на ОИ во Париз, првиот човек на МОК Даниел Димевски со низа активности.
По средбата со францускиот Претседател, Емануел Макрон пред неколку дена, Димевски денеска се сретна и со Претседателот на ИОК, Томас Бах.
Првиот човек на Интернационалниот Олимписки Комитет (ИОК), Бах изразил огромна поддршка за Македонскиот Олимписки Комитет, информираат од МОК.
„Оваа нова зголемена поддршка ќе се однесува на реализација на Олимпискиот план на МОК во насока на поддржување на тренажниот и натпреварувачкиот процес на Олимписките кандидати на МОК, обука на стручниот тренерски и административен кадар на Националните спортски федерации, а посебно на поставување на нов фотоволтаичен систем на Олимпискиот центар Јане Сандански, со кој ќе се заштедат многу финансиски средства и искористат за најдобрите македонски спортисти, а во голем обем ќе се намали и загадувањето на воздухот и на животната средина.
За таа цел, претседателот Даниел Димевски, со посредство на ИОК, го потпиша и Парискиот договор на Обединетите Нации Спорт за климатски промени“, се вели во информацијата објавена од МОК.
Инаку следни кои треба да настапат на олимписките борилишта во Париз се таеквондиската Милјана Рељиќ и борачот Владимир Егоров. Нивните настапи се во четврток (8 август). Последен Македонец кој ќе настапи во Париз е атлетичарот, дарио Ивановски и тоа на маратонската трка закажана за 10 август (сабота).
ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА