На машкиот ватерполо турнир се играат натпреварите од третото коло. Репрезентациите на Шпанија, Грција и Италија, се пред промоција во четвртфиналисти.

Во А групата Грците кои 13-11 беа подобри од Американците, а Италија по подоброто изведу8вање на пенали ја победи Црна Гора со 11-9.

Шпанија ја оствари третата победа совладувајќи ја Србија со 15-11, па „црвената фурија“ со максимален ефект е лидер на табелата во Б групата.

ОИ ВАТЕРПОЛО – МАЖИ (3.коло)
10:30 Грција – САД 13-11 (А група)
16:35 Италија – Црна Гора 11-9 пенали (8-8) (А група)
19:30 Романија – Хрватска
12:05 Србија – Шпанија 11-15 (Б група)
15:00 Франција – Австралија 8-9
21:05 Унгарија – Јапонија
*пласман во четвртфиналето досега обезбедија.