Четвртиот ден на ОИ во Париз почна со откажување на тријатлонската машка трка. Загаденоста на реката Сена на која требаше тријатлонците да пливаат, е причината за откажувањето на натпреварувањето. Така денеска наместо во 25, натпревари ќе има во 24 спортови, а ќе бидат доделени 14 сета на медали.

Интересно ќе биде на машкиот фудбалски турнир на кој ќе се играат натпреварите од последното трето коло по групи по што ќе бидат познати селекциите кои ќе играат во четвртфиналето.

Откако вчера ракометарите на Словенија и Србија го одиграат балканскиот дерби, денеска овие две земји ќе се судрат на одбојкарскиот машки турнир.

Со дербито меѓу Шпанија и Грција ќе биде отворена програмата на машкиот кошаркарски турнир. Мажите ќе се натпреваруваат и во ватерполо, а второто коло носи неколку интересни натпревари.

Кај дамите денеска единствено активни ќе бидат ракометарките, а ќе се играат два дерби дуели Холандија – Шпанија и Данска – Шведска.

Од индивидуалните спротиви, за нас Македонците најважен е настапот на џудистот Еди Шерифовски кои ќе почне во квалификациите до 81 килограм.

ОИ ФУДБАЛ – МАЖИ
15:00 Доминиканска Република – Узбекистан
15:00 Шпанија – Египет
17:00 Мароко – Ирак
17:00 Украина – Аргентина
19:00 Нов Зеланд – Франција
19:00 САД – Гвинеја
21:00 Израел – Јапонија
21:00 Парагвај – Малиот

ОИ ОДБОЈКА – МАЖИ
09:00 Италија – Египет
13:00 САД – Германија
17:00 Словенија – Србија
21:00 Франција – Канада

ОИ КОШАРКА – МАЖИ
11:00 Шпанија – Грција
13:30 Канада – Австралија
17:15 Јапонија – Франција
21:00 Бразил – Германија

ОИ РАКОМЕТ – ЖЕНИ
09:00 Германија – Словенија
11:00 Норвешка – Јужна Кореја
14:00 Холандија – Шпанија
16:00 Унгарија – Ангола
19:00 Франција – Бразил
21:00 Шведска – Данска

ОИ ВАТЕРПОЛО – МАЖИ
10:30 Австралија – Србија
12:05 Хрватска – Италија
15:00 Јапонија – Франција
16:35 САД – Романија
19:30 Црна Гора – Грција
21:05 Шпанија – Унгарија

ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА