Кошаркарот на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс ќе го носи знамето на САД на отворањето на Олимписките игри во Париз на 26 јули.
За Џејмс, кој во декември ќе наполни 40 години, тоа ќе биде четвртата Олимпијада. Леброн досега има освоено три медали. Тој се закити со златото во Пекинг 2008 и Лондон 2012 година, а освои бронза во Атина 2004 година. Леброн ќе стане првиот кошаркар кој ќе го носи американското знаме на отворањето на Олимписките игри.
„Неверојатна чест е да се претставуваат САД на глобално ниво и сцена, особено во време кога целиот свет се собира.
За едно дете од Акрон, одговорноста е голема, не само за мене, туку и за моето семејство.
Децата од мојот роден град, за моите соиграчи, колеги олимпијци и многу луѓе ширум земјата, спортот има моќ да го обедини целиот свет“,
рече Џејмс.
Олимпискиот комитет на САД воедно објави дека дополнително ќе го објави името на дамата која заедно со Леброн ќе ќе го носи знамето.
Најголем број спортисти на Олимпијадата ќе имаат Американците со 592, а потоа домаќинот Франција со 573 учесници.
ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА